Миладиновци

 

  Науме Радически

  100 мкд

    Научниот труд „Миладиновци (три аналитички ретроспекции)“ на проф. д-р Науме Радически е првата објавена публикација на Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ од Мешеишта – Охридско, кое е формирано во 2012 година, кое има триесетина членови од охридско-струшкиот регион, и кое, меѓу другото, планира да развива издавачка дејност. 

   

     Како што стои во белешката на почетокот на книгата, „Со реализацијата на оваа публикација, Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ од Мешеишта... им се оддолжува на своите големи претходници и визионери – браќата Миладиновци. Повод се неколкуте годишнини поврзани со нив: 200 години од раѓањето на Димитрија, 150 години од објавувањето на Зборникот и 150 години од смртта на Димитрија и Константин Миладиновци.“