Македоника Литера

Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 9

   150 ден.

   220 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.

   Последен том од серијата.

   Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на длабочината и широчината на неговата мисла. На кинескиот народ денес тие му служат како клуч за подобро разбирање на еволуцијата на својата древна филозофија и на развојот на својата литература, уметност и историја. За другите народи, пак, овие концепти ја отвораат вратата за разбирање на духовниот свет на современа Кина и на кинескиот народ.

       *

   Царот Вен од династијата Џоу го запрашал Ѓианг Таигонг: „Би сакал да прашам: кои се најважните работи во управувањето со една земја што мора да се направат за да ужива владетелот во почитта, а луѓето да имаат мир?“, Ѓианг Таигонг одговорил, „Само љубовта спрема луѓето“. Царот Вен прашал: „Како некој ги сака луѓето?“ Ѓианг Таигонг рекол: „Дозволете им на луѓето да се здобијат со профит и не ги попречувајте; помогнете им на луѓето да постигнат успеси и не ги уништувајте; дозволете им на луѓето да живеат и не им наштетувајте; дајте им на луѓето помош и не им ја земајте; дајте им на луѓето радост, а не страдање; направете ги луѓето среќни, а не лути.“ („Шесте стратегии“)

Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 8

    150 ден.

    2016 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

    Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.

   Целите на проектот се да објаснат концептите во кинеската мисла и култура кои ги одразуваат карактеристиките на традиционалната култура на земјата и начинот на размислување на кинескиот народ и кои ги отелотворуваат основните вредности на Кина; објективно и прецизно дефинирање на концептите во концизен, лесен за разбирање јазик; и да се овозможи да се раскаже кинеската приказна...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 7

150 ден.

200 стр., / А5 (200 х 140) / 2021

   Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.

   Концептите, мислите, цитатите и појаснувањата се однесуваат на класичната кинеска филозофија, литературата, уметностите, културата, историјата и традицијата, односно серијата претставува своевиден сублимат за запознавање на кинеската цивилизација. Овие „Клучни концепти на кинеската мисла и култура“, всушност, го даваат клучот на прашањето зошто кинеската цивилизација е најдолгата жива...

На север од егејскиот свет

Драги Митревски

450 ден.

202 стр., формат Б5 (240 х 170), 2021

    Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот но и од севкупните истражувања за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Базирана е на...

Од трезорот на Охридската архиепископија

Белешки за светите твари и уметничките дела

Снежана Филипова

400 ден.

138 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021

   Книга за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Книга за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони..., но и за: раната црква во...