Македоника Литера

Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 8

    150 ден.

    2016 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

    Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.

   Целите на проектот се да објаснат концептите во кинеската мисла и култура кои ги одразуваат карактеристиките на традиционалната култура на земјата и начинот на размислување на кинескиот народ и кои ги отелотворуваат основните вредности на Кина; објективно и прецизно дефинирање на концептите во концизен, лесен за разбирање јазик; и да се овозможи да се раскаже кинеската приказна за да биде светот подобро информиран за националните услови, историјата и културата на Кина. Во проектот беа вклучени познати експерти, преку одбор на советници, експертска комисија и академски комитет, односно близу 90 познати експерти за литературата, уметноста, историјата, филозофијата и преведувањето. Проектот беше воден од издавачката куќа ФЛТРП во Пекинг во соработка со Универзитетот за странски студии во Пекинг.

   Секој том содржи по 100 клучни мисли, за кои се дадени концизни и прецизни објаснувања, а потоа се поткрепени со цитати поврзани со тие клучни мисли. Доминира старокинеската мудра мисла.

   Освен предговор на три јазици (македонски, кинески и англиски), секој том содржи и прилози: список на клучните мисли, куса хронологија на кинеската историја.

     *

   „Тој што е добродушен ги сака другите, а тој што има манири ги почитува другите. Тој што ги сака другите е сакан од другите, а тој што ги почитува другите е почитуван од другите.“ (Менциј)