Македоника Литера

Речник на хомонимите меѓу македонскиот и турскиот јазик

 

   Филиз Мехметоглу

   150 мкд

 

    „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ е прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика Речник е, всушност, адаптирана верзија за печатење на истоимената магистерска теза на авторката којашто беше одбранета, во 2015 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој труд е составен од два дела.
          Првиот дел содржи текстови со кои се објаснува и се образложува речникот. Најнапред е дадено објаснување на зборот хомоним според лексикологијата и етимолошките речници; се објаснува како термин во смисла на литературата, потоа авторката дава објаснувања за структура на речникот, главните принципи на речникот, методологија во врска со преводот и принципите за избор на зборовите...
    На почетокот Филиз Мехметоглу ја образложува целта на својот труд – проучување на хомоформите, т.е. зборовите со иста форма или ист гласеж, но со различно значење и неповрзано потекло, на релација турски и македонски јазик. Тие критериуми, пак, елиминираат многу зборови кои македонскиот ги презел од и преку турскиот јазик. Авторката констатира дека, според нејзината евиденција, темата е слабо разработувана во лингвистиката воопшто, а помеѓу македонскиот и турскиот јазик воопшто не е разработена. Мехметоглу истакнува дека дел од нејзиниот научен интерес се турцизмите во македонскиот јазик, но смета дека пред да се испитуваат турцизмите, треба да се проучат оние зборови кои погрешно може да се толкуваат како турцизми, иако тоа не се. Нивното проучување, пак, смета дека ќе биде корисно за сите што го познаваат турскиот јазик и го учат македонскиот и за сите оние што го учат турскиот...

Крлевизми

Атанас Крлевски
(афоризми)
150.00 ден.

„Вистинскиот афоризам е вселена во капка вода, запишал Мартин Кесел, а меѓу страниците на оваа книга се наоѓа вистински водопад на мудрости.

Како што највредните палати се градат исклучиво од најцврстите градежни материјали, или како што најдоброто вино се прави само од најквалитетно грозје, така и оваа книга е збирка на „интелектуални наслади”. „Не е едноставно жанровски да се одредат овие ’монументални минијатури‘ на овој автор, зашто подеднакво им...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура том 3

  Група автори

  150 мкд

     Двојазично издание - на македонски и на англсики јазик.

    „Македоника литера“ овој проект го реализира во соработка со пекиншкиот издавач ФЛТРП, еден од трите најголеми кинески издавачи. Предвидено е проектот да има девет тома. „Македоника литера“ ќе ги објави и останатите три тома набргу по објавувањето на оригиналните изданија. Петте тома, освен на англиски, се преведени уште на повеќе од десет јазици, а во Кина и во некои земји веќе станаа...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура том 2

  Група автори

  150 мкд

 

      Двојазично издание – на македонски и на англиски     јазик. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.

...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура том1

   Група автори

   

   150 мкд

 

    Двојазично издание – на македонски и на англиски јазик. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.

...