Македоника Литера

Крлевизми

Атанас Крлевски
(афоризми)
150.00 ден.

„Вистинскиот афоризам е вселена во капка вода, запишал Мартин Кесел, а меѓу страниците на оваа книга се наоѓа вистински водопад на мудрости.

Како што највредните палати се градат исклучиво од најцврстите градежни материјали, или како што најдоброто вино се прави само од најквалитетно грозје, така и оваа книга е збирка на „интелектуални наслади”. „Не е едноставно жанровски да се одредат овие ’монументални минијатури‘ на овој автор, зашто подеднакво им припаѓаат на сатирата, филозофијата и поезијата. ‘Искрите на духот’ на Крлевски се ‘лирика на интелектот’. Книгата консеквентно ја следи мислата на Марк Твен дека ‘правилно дозираните афоризми содржат минимум зборови, а максимум смисла’” (Александар Чотриќ).