Група автори
150 мкд
Двојазично издание – на македонски и на англиски јазик. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.
Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на длабочината и широчината на неговата мисла. Отелотворени во овие концепти, тие станаа еден вид „жив ген“ на кинеската култура нација. На кинескиот народ денес тие му служат како клуч за подобро разбирање на еволуцијата на својата древна филозофија и на развојот на својата литература, уметност и историја. За другите народи, пак, овие концепти ја отвораат вратата за разбирање на духовниот свет на современа Кина и на кинескиот народ.
Ова е серија за кинеските мудрости, односно цитати и појаснувања од кинеската класична и современа мисла кои се однесуваат на класичната кинеска филозофија, литературата, уметностите, културата, историјата и традицијата, односно серијата претставува сублимат од којшто може многу добро да се запознае кинеската цивилизација. Овие „Клучни концепти на кинеската мисла и култура“, всушност, го даваат клучот зошто кинеската цивилизација е најдолгата жива цивилизација и зошто и денес е многу моќна и просперитетна.