Група автори
150 мкд
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик. Овој проект, всушност, е реализиран на државно ниво во Кина. „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“ ја сочинуваат суштината на тоа што се смета за најдоброто во традиционалната кинеска култура. Точното дефинирање на основните концепти на Кина и уште подоброто споделување на кинеската мисла и културните концепти со светот за современа Кина се важен начин за зачувување на културниот суверенитет на Кина, за зајакнувањето на довербата на кинескиот народ во својата култура и за промовирање на културните размени на Кина со други земји.
Токму заради тоа, кинеските лидери и Владата придаваат големо значење за продолжување на извонредната традиционална култура на Кина. Државниот совет го одобри започнувањето на „Клучните концепти во кинеската мисла и култура – проект за превод и комуникација“ со цел подобро да ги споделува ваквите концепти со меѓународната публика. За таа цел беше воспоставена меѓуминистерска заедничка конференција за координирање на проектот.