Македоника Литера

Менциј

   

 

300 мкд.

301 стр./ A5 формат (200x140)

   

    Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј.  

   Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.  

Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 п. н. е.) е еден од стожерните философи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја.       Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни философи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.

    За Менциј и за неговите дела, д-р Игор Радев вели:
– Менциј се смета за најзначаен претставник на конфуцијанската философска школа, по влијанието веднаш зад самиот Конфуциј. Според традицијата, тој учел под покровителство на ученик на внукот на Конфуциј – Ци̌’ Сӣ’ (483 – 402 п. н. е.). Книгата на Менциј заедно со три останати дела, коишто традиционално му се припишуваат на Конфуциј – Изреченијата (Лу́н Ју̌), Големото учење (Та̀ ‘Шјуе́) и Учењето за средишноста (Чжо̄нг Јо̄нг), го сочинуваат конфуцијанскиот книжевен канон, познат збирно како – Четирите писанија (сѝ’ шӯ) што со векови претставувал основа на кинеското
високо образование.

   Нарачај