Македоника Литера

Реторички лексикон на поими и дефиниции

 

 Трајко Огненовски

 700 мкд

464 стр., Б5 (240 х 170)

Прочитај извадок

   

    „Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски,  претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.

     „Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички, комуникациски и лингвистички аспект.
Лексиконот навлегува во реторичката сфера на македонскиот јазик со цел да им помогне на корисниците за запознавање, покрај другото, и со општите и посебните реторички особености на македонскиот јазик, како и со улогата на самиот јазик во ораторството.

   

      Претставувањето на реториката во форма на прирачник (лексикон), по абучен ред е исклучително корисно. Ваквите видови творечки дела се оправдани од голем број причини, а најповеќе од изразувањето преку помагање во навлегувањето во сферата на една научна област со мултидисциплинарен карактер. Не мал број од застапените термини постои доктринско разминување во сфаќањето како и променливост на класификацијата, кои по прочитот ќе се дојде до конкретното, сфатливото и блискоста со реториката. Такви термини од друга област, поместени во Лексиконот, помагаат во разјаснување на одреден проблем.
Тие се потврда дека реториката има допирни точки со лингвистиката, стилистиката, филозофијата, социологијата, психологијата и др. општествени научни области.

    „Одредниците (заглавните поими) на македонски јазик се печатени со верзални букви. Сите поими, термини, дефиниции, антропоними и др. од туѓо потекло дадени се фонетски, со кирилска транскрипција, во согласност со Правописот на македонскиот литературен јазик
(издание со изменет и дополнет текст), Скопје, 1998 и 2015 год. Извесни правописни правила се директно пренесени од Правописот на македонскиот јазик, изд. на ИМЈ Скопје, 2015, сметајќи ги за строго неизменливи. За термините од странско потекло набележано е етимолошко потекло (посебно од латински и грчки карактер), додека на другите термини кратенката на јазикот чие потекло е односниот збор.
Литературните поими сместени во Лексиконов се сметани за придонес и од јазичен и реторички карактер. Секако без солидното јазично познавање секој говор или говорење се осудени на неточност. Составувачот водеше грижа да им овозможи на читателите да дојдат до одредени поими, за кои сметаат дека се неопходни во комуникацијата и
за сознанијата од соодветната област“ – појаснува авторот во предговорот.