Македоника Литера

Дешавки

Кратки раскази на струмички дијалект

Ацо Ѓоргиев

200 ден

96 стр., 200 х 140 мм

„Дешавки“ претставува книга со анегдоти на струмички дијалект за лица и случки од Струмичко, забележани и прераскажани од Ѓоргиев. На крајот на книгата е објавен поговор на Ице Беличев, кој, меѓу другото, пишува: „’Дешавки‘ од Ацо Ѓоргиев, не е само книга со кратки хумористични творби, туку тоа е цело сведоштво за животот на луѓето од неговата околина во минатото, а некаде се среќава и животот во сегашноста. Во неговите раскази доминираат теми од секојдневието на луѓето, се среќаваат многу познати имиња, познати прекари и личности од неговото блиско и подалечно опкружување, личности кои оставиле белег во неговата меморија, а тој успеал да ги овековечи и зачува од заборавот, давајќи им место во својот книжевен опус.“

Оваа книга е втора на Ацо Ѓоргиев со анегдоти од Струмичко на струмички дијалект. Во претходната книга „Прикаски у три реда и еден уврт“ и во оваа книга вкупно се објавени сто анегдоти. „Како во претходната, така и во оваа книга, мисла водилка ми беше дека треба да оставам пишана трага за битисувањето на нашиот народ во последните два века, барем овде, во локални рамки. Сѐ што имам зачувано како записи, дел запишани како мои сеќавања на случки каде што сум бил директен учесник, дел како раскажувања од други лица, сметам дека е неопходно да се зачуваат од заборав и да им се дадат на показ на следните генерации. Двете книги содржат вкупно сто анегдоти, напишани на поддијалект на струмичкиот, што го зборува населението од Муртино, Моноспитово, Бориево, Банско..., со што се става посебен печат на автентичноста на анегдотите“ – пишува авторот во воведната белешка на книгата.