Марина Димитриева - Ѓорѓиевска
300 ден.
134 стр., 200 х 140 мм, 2026

„На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, кој својата меланхолија и монотонија ја надминува со пишување, и приказната што тој лик ја раскажува во својот започнат роман. За да провери или потврди издржаноста на тоа што го пишува, таа влегува во комуникација со Чет џи пи ти, и изненадувачки е колку невидливиот соговорник е вешт, компетентен и луциден во своите одговори.
Главниот лик на Марина поставува интересни прашања, но добива уште поинтересни одговори, толку интересни што ја доведува во прашање веродостојноста на тие одговори, односно веќе станува невидлива границата меѓу авторската имагинација и имагинацијата на вештачката интелигенција.
Овој роман на Марина Димитриева Ѓеорѓиевска во тематско-мотивска смисла е поврзан, односно се надополнува со нејзините две претходни книги „Фрагменти од писма кои никогаш нема да бидат пратени“ (раскази и „Раскажани стихови“ (поезија), при што доминираат љубовта, почитта, доблеста, љубовните и партнерските односи.
