Су Ши
150 ден.
184 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Избрани песни“ од класичниот кинески поет Су Ши, во избор, препев од класичен кинески јазик, предговор и белешки на Игор Радев. Во овој избор се објавени околу 150 песни, а во обемниот предговор Радев дава детална анализа на неговата поезија, но и на карактеристиките, посебно на формите на класичната кинеска поезија. Сӯ Шѝ’ (1037 – 1101) е најпрочуениот поет од ерата на династијата Сонг. Тој е живо олицетворение на конфуцијанскиот идеал на сестрано култивирана личност, зашто Сӯ Шѝ’ освен по поезијата, подеднакво е славен по својата сликарска уметност, калиграфија, есеистика, политичка дејност, па и научни иследувања. Во 1057 год., кога имал само деветнаесет години, на државните испити се стекнал со титулата џин шѝ’. Над 3000 песни од Сӯ Шѝ’ се зачувани до наше време. Славен уште за време на животот, по смртта неговата слава само нараснувала. Многу места во Кина се чува споменот за него. Името му се памети како на еден од најпрочуените поети во историјата. И не само во Кина. Тој е популарен поет и во Кореја и Јапонија.