Станува збор за одлични дела од реномирани автори и тоа книгата „Мудоста на Конфучиј-научете да бидете врвен лидер' од Каспер Ших, „Адам и Ева', ремек делото на Ливиу Ребренау, и збирката раскази „За жените од Бинг Син, најпознатата кинеска писателка на „женското писмо"во 20 век.
„МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од д-р Каспер Ших е неверојатно поучна книга заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер. Д-р Каспер Ших (1937) е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата. Д-р Каспер Ших докажува дека „Аналектите“ на Конфучиј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја.
„ AДАМ И ЕВА“ од реномираниот романски писател Ливиу Ребренау е роман – енциклопедија. Енциклопедија за љубовта, за човечката душа, за древните цивилизации.
Збирката раскази „ЗА ЖЕНИТЕ“ од Бинг Син е најновата книга на нашата кинеска полица. Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга таа ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени? Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за жените, а во кои се оформува ставот за жените во целина.