Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции" на Трајко Огненовски
Во среда, 26 февруари, со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 во Културно- информативниот центар во Скопје, ќе биде промовиран „Реторичкиот лексикон на поими и дефиниции“ на проф. д-р Трајко Огненовски, кој неодамна го објави „Македоника литера“. За лексиконот ќе зборуваат Димитар Пандев и Сашо Огненовски.
„Реторичкиот лексикон“, кој претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик, обработува над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички, комуникациски и лингвистички аспект.
Трајко Огненовски е пензиониран универзитетски професор. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. По дипломирањето и магистрирањето бил избран за научен секретар во Друштвото за наука и уметност – Битола, а во 1995 година бил избран за доцент за македонски јазик и култура на говорот при Педагошкиот факултет – Битола, каде што се пензионирал во 2004 година, здобивајќи се со сите наставно-научни звања. Автор е на 14 самостојни научни трудови од повеќе области и на близу 300 трудови во списанија и зборници на одржани научни средби.