Македоника Литера

„MAKЕДОНИКА ЛИТЕРА" НА МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА КНИГАТА ВО КИНА И ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

Mакедоника литера" на  семинар за меѓународно издаваштво и дел од кинеската кампања „ Читајте книги на интернет"

   Во понеделник (11 мај), во Пекинг, Народна Република Кина, во организација на
Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ), ќе се одржи меѓународен е-семинар, на кој освен менаџери на групацијата и на кинески издавачи, ќе учествуваат и менаџери на
издавачки куќи од десетина земји со кои соработуваат кинеските издавачи. На семинарот ќе
учествува и Нове Цветаноски, директор на Друштвото за издавачка дејност „Македоника
литера“. Поради новата ситуација во светот и ограничувањата за патување, семинарот ќе се
одржи комбинирано – конференциски за учесниците од Кина, а преку интернет
комуникација ќе учествуваат издавачи од Шпанија, Германија, Јужна Кореја, САД,
Индонезија, Индија, Турција и Македонија.
   Главната тема на семинарот е влијанието на епидемијата, промените во кинеската и во
странската издавачка индустрија, контрамерките и начините за зајакнување на
меѓународната соработка. Преку интернет-дискусијата ќе се разговара на неколку панел-
сесии посветени на: влијанието на пандемијата врз меѓународната издавачка продукција;
влијанието и промените во кинеското издаваштво; влијанието и промените од пандемијата
врз формите и содржините за читање на читателите; приспособување на издавачката
индустрија на променливата состојба на епидемијата; и за можностите за натамошен развој,
соработка и комуникација во издавачката индустрија.
Целиот настан и целиот процес ќе бидат снимени, а потоа и јавно достапни.
Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ) веќе неколку години, традиционално
во мај, организира меѓународни семинари кои се одржуваат во Пекинг. „Македоника литера“
последниве две години има продуктивна соработка со издавачката куќа „Делфин букс“, која
е член на ЦИПГ. Директорот на „Македоника литера“ Нове Цветаноски, минатата година
учествуваше на неколку семинари и форуми за издаваштвото што се одржаа во Пекинг.
   Инаку, „Македоника литера“ е член на Унијата на издавачи 16 + 1 од основањето, а
последниве две години објави повеќе од 30 кинески книги. Во соработка со „Делфин букс“
досега копродукциски објави 13 тома од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“,
а за годинава се подготвува нова едиција книги за младите читатели. Имено, „Делфин букс е
специјализирана издавачка куќа за книги за деца и млади и е водечка кинеска издавачка куќа
во таа област во меѓународната соработка на кинеското издаваштво.
Инаку, Кинеската меѓународна издавачка групација (ЦИПГ) е глобална медиумска
корпорација и е лидер во меѓународната соработка на Кина во издаваштвото. Основана е во
1949 година, од Централната народна влада на Кина и е јавна институција поврзана со
Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина. Таа е организација за вести и
издаваштво и ги води надворешната соработка на Партијата и на државата во
информирањето и Националната мрежа за книги. Составена е од 21 единица, од кои и седум
издавачки куќи (меѓу нов е и „Делфин букс“), пет магазини (Beijing Weekly, China Today,
Magazine, People's Pictorial, People's China Magazine, China Report Magazine), а има и 26
претставништва во 14 земји и региони. Секоја година, повеќе од 4.000 книги се објавуваат на
повеќе од 40 јазици, а 34 повеќејазични периодични магазини се уредуваат на 14 јазици.
Книгите и списанијата се дистрибуираат во повеќе од 180 земји и региони во светот и за
интернет публиката насекаде низ светот.

 

   На годинашниот Светскиот ден на книгата и на читањето – 23 април, кинеската глобална медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група
(ЦИПГ), започна кампања „Читајте книги на Интернет“. Кампањата ја
спроведуваат седумте издавачи кои работат во рамките на групацијата ЦИПГ, со
тоа што избраа по еден партнер од странство, за двојазично читање на исти
извадоци од книги.

 

Еден од тие седум издавачи е „Делфин букс“, со кого
соработува „Македоника литера“ и со кого копродукциски веќе издадоа 13 тома од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. „Делфин букс“ за партнер ја
избра „Македоника литера“. Кампањата започна со читање на исти извадоци од
страна на првите луѓе на издавачките куќи. Извадок од книгата на познатиот
кинески писател Џанг Ќиушенг „Приказни големи колку дланка“ (која е дел од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“) читаше директорот на
„Македоника литера“ Нове Цветаноски, а на кинески јазик претседателот на
„Делфин букс“ Ванг Леи. За време на настанот, со претседателите на кинеските
издавачки куќи, учествуваа и првите луѓе на издавачки куќи од Полска, Белорусија,
Либан, Јапонија , Перу, Македонија и Шпанија.Инаку, ЦИПГ ќе биде домаќин на првиот „Кинески меѓународен е-саем закниги“ во средината на јули годинава. 

 

    Саемот на книгата ќе биде претставен во 3Дтехнологија за виртуелна реалност, високо прикажувајќи ги физички книги како присутни, и создавајќи платформа за прикажување што опфаќа време и простор во глобалната издавачка индустрија за светот. Се очекува на овој начин да севоспоставан нови канали на соработка во издаваштвото и да се поттикне читањетокниги. Повеќе: http://www.cipg.org.cn/2020-04/24/content_41134187.htm