Македоника Литера

Чалик чамак

Трајче Кацаров

150 ден.
(избор драми)

   Во книгата со пиеси Чалик чамак на Трајче Кацаров се објавени шест пиеси, кои се веќе изведени на театарските сцени во Македонија или надвор од неа: „Гард“, „Чалик чамак“, „Дефект“, „Војдан“, „Дворно место“ и „Долго доаѓање на петлите“.

   На пиесите им претходи пролог, кој е и своевидно творечко кредо на авторот, а објавен е и поговор на Мишел Павловски. Драмите на Трајче Кацаров, собрани во книгава, пред читателот претставуваат зрел и етаблиран драмски автор, автор со несомнено широки познавања кои дискретно, ненаметливо и над сè уметнички профилирано се пренесени во неговото творештво. Книгава ни го претставува Кацаров и како несомнен познавач на принципите на драмскиот израз, на потребите на сцената, факт кој впрочем, се потврдува и со податокот дека последниве години сè повеќе со своите дела е присутен на театарските сцени.