Томе Богдановски
250 мкд
„Сказна за чучулигата“ содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели. Повеќето од нив претходно се наградени или откупени на анонимни конкурси.
Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драматуршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка сила.
Томе Богдановски (1938, Бање – Кочанско) е поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Пишува и за деца и за возрасни.
Карактеристично за него е што голем дел од објавените дела – расказите, радиодрамите и телевизиските драми, најпрвин се наградувани или избрани на анонимни конкурси. Во македонската литература дебитирал истовремено со три книги, во 1972 година.
„Сказна за чучулигата“ е втора негова книга со драмски текстови – претходно ја објавил збирката драми за деца „Ценцел“.