Сашо Огненовски
150 мкд.
132 стр./ A5 формат (200x140)
„Двете пиеси во ова книга на актерот Сашо Огненовски, кој од неодамна е и драмски автор, носат едно ново театарско возбудување, еден стил кој е интересен и загадочен, теми кои постојано загатнуваат нови прашања и доста комплексни ликови кои носат компактни и органични дејствија.
И двете пиеси („Тага“ и „Тврдина“) имаат сосема различен третман на проблематиката со која се занимаваат. Едната од нив е конципирана на принципот на фрагментарна драматургија, но во една сосема нова констелација, а другата се покорува на стариот принцип на единство на местото и времето и е врамена во класични чинови.“
Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Во 1987 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Одиграл повеќе од сто улоги на сцената на Народниот театар од Битола. Во 2002 година магистрира на тема од областа на комуникациите и медиумите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Автор е на книгите: Лавина (1995), Плодовите на пеколот, (2014), Пустински цвет, (2015), поетски збирки, Обична бајка (2002) и Волшебниот компас (2011), пиеси за деца, Тага (2012), драма, монографијата за актерот Ацо Ѓорчев (2010), како и научната книга Режисерската семантика на Владимир Милчин (2002). Покрај актерскиот ангажман работел и како стручен соработник и професор на Педагошкиот факултет во Битола и на Интернационалниот Славјански институт како професор по Сценски говор. Имал неколку студиски престои во странство, меѓу кои и оние на Универзитетот Јорк во Торонто, Канада и на Универзитетот Сантијаго де Компостела во Шпанија. Учествувал на низа конференции од областа на комуникологијата и медиумите во Гетеборг, Осло, Лондон, Софија итн.