Хенрик Ибзен
200 мкд
136 стр./ A5 формат (200x140)
Драмски спев, метафора на животот...
Величествено дело без граници меѓу реалното и фантастиката, свеста и потсвеста.
„Пер Гинт“ е драмски спев кого уште современиците на Ибзен го прогласиле за величествено дело. Во критиката за литературата е наречен и „Хамлет на северот“. Драматуршкиот материјал почива врз непресушниот инстинкт за слобода и индивидуалноста како трагична вина за поединецот во системите на општеството.
Во „Пер Гинт“ има многу детали од авторовата биографија, а прототипови му се мајка му, татко му, семејството и нордиските митови. Некои критичари ја израмнуваат со Гетеовиот „Фауст“ (според некои „Анти Фауст“), со Шекспировиот „Хамлет“ и Моцартовиот „Дон Жуан“, а јапонската критика ја прогласила за „типично јапонска“ драма.