Македоника Литера

Домот на куклата (Нора)

Хенрик Ибзен

200 мкд.

108 стр./ A5 формат (200x140)

      Драма, исклучително смела во третманот на жената како сопруга и мајка во семејството. Жестока критика до општеството со силна порака за индивидуалната слобода.

      „Домот на куклата“, позната и како „Нора“, е  пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен. За времето кога се појавила била исклучително смела во третманот на жената во општеството и семејството и во контекстот на цврстите морални норми, што предизвикала многу полемики, но и восхит. Ова дело на Ибзен се појавило во 1879 година, во времето на револуции и општествени промени, кога се појавува и движењето за рамноправноста на жената. Токму оваа драма во тоа време предизивикала бура од реакции, преку приказната за жената која е сопруга и мајка, но која пред сё сака да биде слободна жена. Преку неа Ибзен внесува нова поетика и естетика во драмската литература, врз која се темели една нова ера на драмската уметност во Европа и во светот. Во неа тој ги внесува елементите на модерната драма, создава динамичен дијалог, кој уште подинамично ги зацврстува психолошките конструкции на ликовите. Оваа драма молневито ја освоила Европа и сё уште не се симнува од театарските сцени во светот.

      Нарачај