Македоника Литера

Хеда Габлер

Хенрик Ибзен

200 мкд.

112 стр./ A5 формат (200x140)

      Контроверзна драма на Ибзен. Позната е и како 'женски' „Хамлет. Предизвикала жестоки полемики, одбивност и згрозување.

      Хеда не е „општ“ случај, зашто е посебна и не е типична жена. „Ја убија конвенциите и етикетирањата“ – на маргините на драмата за неа запишал Ибзен, кој прв ја третира жената како индивидуа, која дава отпор спрема традицијата, конвенциите, авторитетите и институциите. Драмата ја напишал во 1890 година, а набрзо потоа првпат бил изведена во Минхен и предизвикала жестоки полемики, одбивност и згрозување. Нарекувана е „одвратна ноќна мора на песимизмот“, „монструм“, „изрод на авторовата имагинација“, „драма на абнормалноста“..., но оттогаш непрекинато е на театарските репертоари во светот и четири пати е филмувана.

      Нарачај