Карел Чапек
150 мкд.
102 стр./A5 формат (200x140)
Во периодот од 1920 до 1927 година Чапек пишува романи и драми со утопистичка содржина. Речиси во сите се работи за некаков пронајдок, некакво техничко откритие, кое потоа е злоупотребено и е наменето за уништување на човештвото.
Чапек ја согледува опасноста од таквите откритија и од брзиот напредок во техниката кој, всушност, е побрз од човечкиот морал. Во овој жанр Чапек се разликува од другите светски писатели, зашто Чапек во таквите откритија не гледа некаква прекрасна перспектива за човештвото. Таквиот проблем писателот го третира во драмата „РУР (Румсовите универзални роботи)“, со која стекна светска слава. Во оваа научнофантастична драма Чапек прв го споменува зборот робот. Денес е најчитаното негово дело.