Карл Штруп
300 мкд
Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и напишале значајни книги за Македонија. Тој ја објавил најинтересната книга за политичките случувања во Македонија пред и по Првата светска војна.Во оваа книга зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонците во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем регионална автономија во федеративна Југославија.
Карл Штруп бара еманципација на Македонците, односно живот во рамките на една балканска федерација. Тврди дека Македонците не се Срби, а тоа го докажува со презентација на аргументи и сознанија и воопшто на историјата на Македонците од антиката па дотогаш. Книгата содржи и неколку географски карти.