Македоника Литера

Нордиски народни приказни

НОРДИСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ
200.00 ден.

148 стр., А5 (200 х 140)


         „Овој избор содржи народни приказни од Шведска, Норвешка, Данска, Финска, Исланд и Фарските Острови и нё уверува дека далечното не е толку далечно, а непознатото не е толку непознато, затоа што универзалниот јазик на приказните нё носи на ’позната територија‘ – во светот на чудесното и имагинарното.

Нордиските сказни ни се обраќаат на јазикот кој сме го научиле слушајќи ги сказните во нашето детство. Читајќи ги нордиските приказни го добиваме носталгичното чувство по одамна изгубените времиња, чувството како да ги слушаме крај нашето ’огниште‘, раскажани во мајчината прегратка, бабиниот скут или на дедовото колено... толку познати и толку наши...“