Македоника Литера

Џуџести сказни

Горан Б. Стојаноски
Џуџести сказни
150.00 ден.
         „Џуџести сказни“ содржи триесет и шест добро компонирани детски сказни кои претставуваат една целина, но и кои доста се разликуваат една од друга поради тематската разновидност.

 

Книгата е наменета за деца од помала возраст. Во неа се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои  може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Авторовата снаодливост во разрешувањето на заплетканите состојби, неспорно ќе им послужи како патоказ и пример на младите читатели како треба да постапуваат со сличните ситуации, а пред сё, како да го победуваат сопствените и туѓите лошотии. Во книгата се запишани и повеќе сказни во кои главните јунаци се џуџињата, вештерките и другите необични суштества кои живеат само во приказните.

„Џуџести сказни“ се напишани на еден одмерен, сугестивен, досетлив и веќе изграден и препознатлив раскажувачки манир на авторот, при што посебно треба да се истакнат суптилниот приод и лесно разбирливиот текст.