Македоника Литера

Тажното змејче

Симона Груевска Маџоска
Тажното змејче
120.00 ден.
         „Тажното змејче“содржи четириесетина песни и е наменета за децата со помала возраст.
Преку стиховите на оваа книга авторката суптилно навлегува во детскиот свет и обработува низа современи ситуации и проблеми, кои често на децата им изгледаат огромни.

Таа успева да им пристапи на овие аспекти од детското живеење со многу топлина и хумор. Со тоа прави проблемите со кои се судираат децата да се стават во реална рамка. Во таа смисла, оваа стихозбирка има двојна вредност. Од една страна, стиховите се уметнички обликувани и изобилуваат со ритам близок до децата (и врзан, и слободен), а од друга страна даваат морална помош и порака. Симона Груевска Маџоска користи и мотиви од народната митологија и фолклорот и ликови од најомилените јунаци на децата, што пак книгата ја прави попривлечна за најмладите читатели, кои во значителна мера се подзаборавени од современите македонски автори.