Горан Б. Стојаноски
ТРПКАВИЦА В НОГАВИЦА – необични сказни
150.00 ден.
Како што укажува поднаслов, ова е книга со сказни – содржи четириесетина куси текстови напишани во сказновита форма. Книгата е поделена на три дела – во првиот се оние во кои главен е детскиот лик и каде што во сказните се оди со фантазијата како производ на желбите кај децата, во вториот и најобемен циклус со дваесетина приказни, само го прифаќа континуитетот од првиот, преку поконкретни ликови од животот, проследувајќи ги децата во училиштето, а во трретиот се веќе познатите и вообичаени ликови од народното фантастично творештво (џиновите, џуџињата, змејовите, вештерките и другите необични суштества кои најчесто се присутни во приказните, односно сказните за деца). Со овој ракопис Стојаноски го потврдува своето место во помладата генерација автори за деца, која, иако малубројна, носи свежина во литературата за деца.
„’Трпкавица в ногавица’ од Горан Б. Стојаноски, - пишува Горјан Петревски во поговорот – на прв впечаток е книга со теми од минатото, од некое подалечно време, но тоа е само привидно. Всушност, секоја сказна е сликичка од нашево време со слабостите што ги следат и децата и возрасните.“