Македоника Литера

110 Улици

Малгожата Гутовска – Адамчик

200 мкд

238 стр./ A5 формат (200x140)

      Романот претставува лесно и интересно четиво за животот и доживувањата на двајцата браќа - шеснаесетгодишниот Михал и дванаесетгодишниот Миколај, жители на Варшава. Главниот јунак Михал е момче кое живее безгрижен живот, меѓу другарите, родителите и наставниците е препознатлив како несериозно дете.

      Тој се интересира за супкул­турната сцена, слуша хип-хоп, црта графити и вози скирол. Авторката вешто го отсликува ликот на Михал, но и на неговите врсници со помош на жаргонот кој го користат младите луѓе. Михал, градско дете, одеднаш ќе се пресели во малото гратче Грајево, кое според него е оддалечено светлосни години од Варшава. Грајево е токму гратчето кое има 110 улици и во кое Михал освен своите разочарувања, ќе ја доживее и својата прва љубов... И веќе не е ништо како што било...

      Овој роман, кој во Полска е мошне популарен, истовремено е роман и за возрасните читатели, затоа што дава интересна проекција и перспектива на светот на современиот тинејџер. Малгожата Гутовска – Адамчик во 110 Улици не ко­ристи поучителен тон, туку едноставно ја опишува реал­носта на младите, без да ги осудува изборите кои ги прават тие.

      Нарачај