Македоника Литера

Бугарски народни приказни

БУГАРСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ

200 мкд

184 стр./A5 формат (200x140)

Книгата содржи 32 народни приказни, избрани од богатиот опус обработени приказни на Ангел Каралијчев, кој во бугарската литература е познат како голем мајстор на авторизирани приказни, легенди и сказни за деца. Во неговите

приказни централно место зазема карактерно-етичката проблематика, при што доминира доброто како смисла и како цел на човековиот живот. Познат е како слаткоречив, суптилен и луциден раскажувач за кого светот на детето е и останува најголемиот простор за творештвото. Тој е живописецот на бугарската литература, а лирско-експресивниот слог, сликовитиот јазик и психолошкиот мотив на дејството, на постапките и на доживувањата го издигнуваат во најдобар раскажувач во бугарската литература за деца.

Неговите книги се преобјавувани во големи тиражи во Бугарија, но и се преведувани на други јазици. Доминантен мотив во изборот на приказните на ова издание на македонски јазик е народната мудрост.