Македоника Литера

Без татковина

Јохана Шпири

200 мкд.

144 стр./ A5 формат (200x140)

      „Без татковина“ е лирски раскажана приказна за животот на младото момче Рико, кое има виолина, но нема татковина. Тоа е вљубено во својата виолина и во својот роден крај. Неговото мало селце се наоѓа во високите и прекрасни предели на Алпите.

      Кога ќе се симне по стрмниот планински пат, веќе е во друга земја, затоа што ја минува граница на својата татковина. Живее и на едната и на другата страна на границата. Неговиот проблем со домот и татковината не претставува пречка за топлото пријателство со Силвио, но и за чистата љубов со неговата другарка од детството, Ивет. И покрај несреќната судбина со раното губење на мајка му, а потоа и на татко му, пеејќи и свирејќи со својата виолина тој успева да му се радува на животот. А приказната за него и за Ивет од тажна и меланхолична, станува ведра и завршува со среќен крај.

      Иако своите дела ги напишала во 19 век, Јохана Шпири (1827-1901) сѐ уште е многу читана писателка во светот. Нејзино најпознато дело е „Хајди“.

      Нарачај