Македоника Литера

Руски народни приказни

250 мкд

      Овој избор содржи 31 познати руски народни приказни, првенствено фантастични приказни, басни и битови приказни.

      Светот на руските народни приказни е необичен и прекрасен, а при секоја средба со него впечатливи се волшебните фантазии на народниот раскажувач. Тие го воодушевуваат читателот – љубител на народните приказни, без оглед на возраста, младиот читател го учат на чесност и добрина, ја поттикнуваат мечтата, а со својата едукативност ја истакнуваат страната на доброто. За руските народни приказни е карактеристично што со векови е негувана традиција на прераскажување од многумина познати собирачи, фолклористи и писатели.

      Книгата е богато илустрирана со цртежи со мотиви од руските народни приказни.