Македоника Литера

Весел зоо парк

Киро Донев

200 мкд

трето издание

 96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.

 

      Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.

       И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до дванаесетгодишна возраст. И овде, како што е карактеристично за него во некои прозни дела, раскажува во рима, со стихувани реченици и неговата проза се доживува како своевидна поезија во проза, исполнета со инвентивен хумор. Киро Донев има свој препознатлив стилско-лексички исказ, духовит и динамичен ритам со рима и во македонската литература има високо реноме на голем мајстор на прозата за деца од мала возраст.

      Книгата е илустрирана со цртежи на Ленче Тосева, а ова дело на Донев е објавено на украински и на бугарски јазик.