Збркана сказна

Киро Донев

150 мкд

      „Збркана сказна“ е наменета за децата од помала возраст и е карактеристично дело за раскажувачкиот стил и сензибилитет на Киро Донев, во кои во преден план се инвентивниот хумор и динамичната приказна.

      Книгата е илустрирана со цртежи на Ана Багрјана, украинска писателка и преведувачка, која е и преведувач на украинското издание.

      „Збркана сказна“ првпат е објавена во 1986 година, откако е наградена на анонимен конкурс на „Детска радост“. Оваа книга, која по долга пауза повторно се појавува на македонски јазик, досега е преведена и објавена на српски, турски, бугарски и украински јазик.

      Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

      Нарачај