Македоника Литера

Mагичниот папагал (Најдобрата кинеска литература за деца)

Ге Бинг

тврда корица 300 мкд

мека корица 200 мкд

248 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај повеќе

 

     Ге Бинг (роден во 1945 година во провинцијата Лиаонинг) во литературата за деца влегува во 1983 година и објавува повеќе од 100 дела со вкупно 10 милиони кинески знаци. Добитник е на неколку високи книжевни наградаи. Неговите најрепрезентативни дела, меѓу кои „Синиот Глушец и Мачорот Големо Лице“, „Малечкиот Заблуден Бог“ и „Малечкиот дух Сивото Гравче“, се адаптирани во цртани серии од страна на Кинеската централна телевизија и повеќепати ги освоиле наградите „Златен орел“ и „Златно момче“.

     

    Пишува и романи, но најпопуларен жанр во неговото творештво се бајките. Овој авторски избор содржи 16 бајки. Бајките имаат необични, носталгични, дури и тажни приказни. Во пишувањето на бајките авторот го користи пристапот на пишување романи, плетејќи ја приказната и ја нагласуваа читливоста, како на пример прекрасно опкружување, чудни и сложени дејства, додавање драма за одржување и збогатување на имагинацијата, како и изразеното користење духовит јазик.