Македоника Литера

Персискиот мачор Пек (Најдобрата кинеска литература за деца)

Гао Хонгбо

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

248 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Гао Хонгбо (роден во 1951, жител на округот Каилу, Внатрешна Монголија) е раководител на Комитетот за литература за деца при Кинеското здружение на писателите. Има објавено 14 поеми за деца, како: Слонот судија, Гуска, гуска, гуска, Крокодилот каменојадец, Тајната на бујната пролет, Те сакам, Лисица; повеќе од 30 есеи, меѓу кои и Персиска мачка, Пијан сектор, Животна фарса, Воената проза на Гао Хонгбо, Значењето на мастилото и шармот на мастилницата; 11 приказни за деца, вклучувајќи ги Тајната на птичјиот камен, Рибата фенер, Го сретнав зајакот Бубу итн. и осврти, како што се Гуска натоварена со приказни – краток осврт на кинеска и странска литература за деца, Љубовничко дрдорење кон музата. Во 2009 година беа објавени Собрани дела на Гао Хонгбо во осум тома. Добитник е на највисоките кинески награди за книжевност за деца. Во овој том, во избор на авторот, се објавени осумдесетина куси раскази, бајки и басни.

     

     Во својот предговор на овој избор, Гао Хонгбо пишува: „Литературата за деца му припаѓа на целото човештво и на светот... Вистината, добрината, убавината, детската невиност, детските широки интереси, детската едноставност, среќата, радоста, возвишената имагинација, вклучувајќи ја и детската литература, се духовни витамини што ги крепат сите народи, исто како и есенцијалниот протеин и калциум.