Џанг Џилу
Мека Корица 200 мкд
Тврда корица 300 мкд
214 стр. / A5 формат (200x140)
Џанг Џилу е роден во Пекинг, во 1945 година. Тој е директор на Детскиот литературен комитет на Kинеското здружение на писателите и познат сценарист. Бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Негови познати дела се: Дете гром, Третата легија, Забранета мудрост, За кого пее Сисада?, Тотална илузија, Фудбалскиот херој, Јас и мојата сенка, Прасето херој, Танц на кинеските карактери и филмската монографија Историја на филмовите за деца во Кина.
Има освоено повеќе награди, меѓи кои наградата Кинеска книга на Кинеското здружение на писатели – дури шестпати, и наградата Сунг Чинлинг за детска литература за деца – трипати. Неговиот кус роман „Антилопа изработена од дрво“ беше вклучен како лектирно издание во средното образование, а неговата бајка „Патување во стомакот на добитокот“ беше избрана за лектира за учениците во основно образование. Автор е на триесетина книги за деца – бајки, новели и научнофантастични приказни. Работел и како сценарист и продуцент во филмската продукција, а со тоа имал можност да бидам во постојан контакт со различни текстови и содржини за снимање на драми за деца.
Овој избор на Џанг Џилу содржи девет раскази, првенствено наменети за тинејџерска возраст, а некои од нив се вклучени и како лектира во образованието во Кина.