Македоника Литера

Собрани дела том 1: Дивата убавица

  Горан Б. Стојаноски

  300 мкд

      Првиот том од собраните дела ги содржи трите романи – сказни: Дивата убавица, Вилар и Доживувањата на Геге супер Геге.

      Во сказните на Горан Б. Стојаноски се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Горан раскажал интересни приказни, но неговите приказни имаат и едукативна вредност.

   

     Разрешувањата на заплетканите состојби во необичните сказни, неспорно им служи како пример на младите читатели како треба да постапуваат со сличните ситуации, а пред сè, како да ги победуваат сопствените и туѓите погрешни постапки. Во неговите книги главните јунаци најчесто се децата, но и џуџињата, вештерките и другите необични суштества кои живеат само во приказните.

     Нарачај