Македоника Литера

Дарко во зоо паркот

 Киро Донев

 200 мкд

 152 стр. /A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

    „Дарко во зоо паркот“ е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.
    Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив основната тема се животните и природата.

    Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво, а тоа е присутно и во оваа книга. Иако се наменети за помлада целна група на читатели, неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.

   Нарачај