Џанг Ѓие
Мека корица: 200 мкд
Тврда корица: 300 мкд
207 стр./ A5 формат (200x140)
Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.
Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
„Бистрите очи на момите лебдат пред мојот поглед, а нивната прекрасна коса, срамежливост и искреност кружат и уште еднаш ми го свртуваат умот.
...Пишувањето ме натера да талкам по земјата, да пловам над облакот, да запирам над лисја и вода... Преку пишувањето, мрморам во тревата, талкам со бубамарите, ги посетувам ѕвездите кои слетуваат во косата на вештерките, наидувам на малиот принц во пустелијата, но на крајот, го пропуштам на улицата во Лион, каде што Антоан де Сент-Егзипери и малиот принц некогаш седеле на камената плоча, уживајќи на ветерот.... Колку повеќе пишувам, толку помалку чувствувам дека пишувам, зашто сето тоа го правампред да знам, јас пишувам со срцето на дете. Секогаш кога го правам тоа, почнувам да се топам.Лебдам. Додека вака пишувам. Моите зборови, моето срце, се скриени во она што го пишувам.“
Џанг Ѓие (родена во 1969 година) за својата книга „Летото на Поњер“ избрала 11 раскази.
Најпознати нејзини книги се: „Девојката која чука на вратата“, „Тајната територија“, „Тајната на пубертетот“, „Бакнувајќи ја мојата дрвена ограда“, „Кога цвеќињата расцутуваат“, „Вечниот гулаб“ и „Сонцето блеска“. Покрај овие книги, таа ја има преведено и Волшебниот свет на МикиМаус. Добитник е на три високи книжевни награди. Позната е по тоа што прозата што ја пишуваим е посветена на девојчињата. Нејзините дела, кои се посветени на истражувањето навнатрешниот свет на девојчињата, се напишани со извонреден јазик и со богата емоција.