Македоника Литера

Лисицата трговец

Шен Шиси

200 ден.

205 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното помагање.

    Во книгата се прикажани различни карактери на различни животни. Тие имаат и различни чувства; и чувства за љубов и чувства за грижа и одговорност. Нивните карактери и меѓусебни односи се одраз на човековите карактери и односи. Во ова книга има сурови, но и топли и трогателни приказни.


     Во предговорот на кинескиот издавач на изданието на кинески јазик за книгата е напишано: „Животните што се прикажани во оваа емотивна збирка имаат длабоки емоции. Не само што ја разбираат љубовта, туку имаат и необјасниво чувство за одговорност и се способни таа одговорност да ја понесат на своите раменици. Како и во животот, застапени се и оние кои поседуваат многу полоши карактеристики. Тука се и оние кои се користољубиви, измамници, арогантни и злобни, дури и во царството на животните. Без разлика за кои видови станува збор, овие животни и нивните приказни нè потсетуваат на човештвото како целина и ни овозможуваат да се преиспитаме за тоа какви се нашите ставови и нашето однесување спрема животните и природата.“