Шен Шиси
200 ден.
177 стр. / A5 формат (200x140)
„Мајката чакал Скарфејс“ е роман за суштинската поврзаност меѓу најнеoчекуваните сојузници – чакалите и луѓето, како и за врските кои се испреплетуваaт меѓу нив.
Скарфејс и нејзината глутница златогрби чакали живеат тежок живот. Омразени и несфатени, постојано се прикриени, подалеку од очите на луѓето. Чампа, селскиот ловец, ги грабнува младенчињата на чакалите заради одмазда, со намера да ги искористи за да ја намами и да ја сотре целата глутница. И покрај користа која ја имаат од Скарфејс и од нејзината глутница, селаните сакаат чакалите да си заминат засекогаш. Но, набргу по заминувањето на глутницата, селаните ќе сфатат дека животот без чакалите не е рајот кој некогаш си го замислувале. Зошто?
Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како „кралот на приказните за животни“ и е најпродаваниот автор за деца во Кина. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. За романот „Мајката чакал Скарфејс“ ја доби тринаесетта по ред награда `Кинеска книга`. Негови дела се преведени на повеќе јазици. Живее во Шангај, Кина.