Македоника Литера

Непослушната мајмунка

 

Шен Шиси

200 ден.

142 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

    Новелата „Непослушната мајмунка"  е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси!

   Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво.

    Шен Шиси е роден во 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување започнал во 1980-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите искрени, реалистични и трогателни приказни за животните. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се подеднакво популарни и кај возрасните читатели.

   Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци.
   Добитник е на многу награди за литература за деца, меѓу кои Наградата на Здружението на писателите на Кина за извонредни дела во литературата за деца, добиена во три последователни години, наградата „Кинеска книга“, Награда за нови дела за литература за деца „Бингсин“ и Награда за литература за деца на Тајван „Јанг Хуан“.