Шен Шиси
150 ден.
146 стр. / A5 формат (200x140)
Новелата „ Волчицата невеста" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси. Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени, реалистични и трогателни. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа.
„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.