Шен Шиси
200 ден.
142 стр./ A5 формат (200 x 140)
Новелата „ Последниот слон воин" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси.
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа.
Шен Шиси имал нераскинлива врска со животните уште пред неговата писателска кариера. На 16-годишна возраст, во 1968 година, во време кога многу млади луѓе од кинеските градови биле испраќани во оддалечените рурални области, Шен побарал да замине во Сишуангбана, тропски регион во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тој живеел на границата на Јунан 18 години. Работел како работник во хидроцентрала и учител во планинско село, акумулирајќи искуство во оваа област. Единствената причина што Шен Шиси го избрал Јунан е тоа што имал слушано за многуте различни животни таму и можел да има куче за лов. Кога пристигнал таму, тој не само што добил куче, туку от отишол да живее во колиба на ловџија, кој спрема него се однесувал како спрема син и го водел на лов низ целата Сишуангбана. Во повеќето негови дела за животни се присутни ликот на локалниот ловец и пределите на Сишуангбана. Уникатниот пејзаж во Сишуангбана, му дал на Шен обилен простор за создавање, како и материјал за оригинален вкус на животот во шумата. Опасноста за животните од нивните непријатели, борбата меѓу видовите, недостигот од храна и суровата страна на ловот од луѓето се тематските пунктови за кои Шен Шиси отворено пишува.