Цао Венсјуан
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
200 ден. - меки корици
300 ден. - тврди корици
188 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е автор и на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски фестивали во Кина и во светот.
Цао Венсјуан, во воведната белешка пишува: „Куќата е дом. Куќата е најстарото сеќавање за луѓето. Куќата е поврзана со човечкото разбирање на концептот на домот. Домот е засолниште, место на топлина, место за одмор на душата и основна причина за продолжување на животот. Всушност, многу работи што се случуваат во светот се поврзани со домот. Среќата, страдањето, отфрлањето, молитвата, борбата, повлекувањето, жртвата, бегството, војната и мирот се поврзани со домот. Илјадници луѓе се бореле во минатото, вревата од битката ечела, а крвта била насекаде на бојното поле, само за да го одбранат домот. Домот е светост како гнездо на врвот на висок багрем... Значењето на домот е бесконечно. Кога пораснав, желбата за правење куќи во моето детство не исчезна, туку се засили со возраста и со продлабочувањето на перцепцијата за животот. Но, материјалот веќе не беше кал, гранчиња и плевел или коцки, туку карактери. Куќата на карактерите (* – кинески букви) е мое светилиште – мое духовно светилиште... Со текот на годините, напишав многу карактери и објавив многу книги, во кои всушност ја градев својата куќа. Куќата не е изградена само за мене, туку е изградена и за вас, ако не ви пречи.“