Џенг Чунхуа
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
200 ден. - меки корици
300 ден. - тврди корици
190 стр. / А5 (200 х 140)
„Големоглав син и малоглав татко“ е најпознатото дело на кинеската писателка Џенг Чунхуа (1959) кое во Кина со години е бестселер и е едно од најрепрезентативните дела во литературата за деца. Адаптирано е за цртана серија која е посебно популарна кај младите и се прикажува во неколку сезони. Приказните во оваа е однесуваат на едно среќно семејство – син со голема глава, татко со мала глава и мајка со престилка. Тие, обични и срдечни, водат заеднички живот полн со смеа. Во семејство полно со љубов и топлина, синот расте и учи како да ги почитува другите луѓе, како да се соочува со тешкотии и како да ги сака другите.
Книгата е неверојатно духовита и луцидна.
„Кога син ми имаше три години јас и мојот сопруг често го носевме да се поврзе со природата и да го научиме за сите видови мали животни. За време на овој процес, додека мојот сопруг и син си играа среќно, забележав некои уникатни работи за тој период и добив идеја да создадам дело за односите на љубов во семејство со едно дете, што е главна структура на семејството во сегашново општество. Конечно, делото се појави како Големоглав Син и Малоглав Татко“, пишува авторката.
Делото доби неколку високи награди, а Кинеската централна телевизија направи анимирана серија од 156 епизоди базирана на делото, која ја освои наградата за анимација „Златен орел“ (Кина), добивајќи голема наклонетост од децата и од родителите.