Македоника Литера

Бадникова вечер

   Хуан Беиѓиа

   (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   194 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Бадникова вечер“ е еден од најпознатите романи на кинеската писателка Хуан Беиѓиа (1955), која има богат книжевен опус, пред сè романи. Во овој роман таа пишува за растењето и за созревањето на децата во современиот свет, кои стануваат пореалистични, попресметливи, осамени и егоцентрични. Многу време поминуваат со електронските уреди, поради што им недостасува разговор и дружење во реалниот свет, со вистински луѓе, а машините ги прават попаметни, но и постудени. Преку приказната за осумгодишниот главен лик, таа го следи неговото брзо зреење, но и доцното зреење на неговиот самохран татко. Животот на осумгодишното момче и неговиот самохран татко е необичен за надворешните лица, но топол и интересен за себе. Еден ден, во нивниот живот влегува малолетен деликвент, со што сè станува хаос. На испит се човечноста, одговорноста и љубовта. Во очите на младиот јунак, неговиот татко пораснува во маж и татко. Овој долг роман на Беиѓиа е дел од популарна серија нејзини романи за кои се смета дека имаат големо општествено влијание.