Жарко Милениќ
200 ден.
136 стр. / А5 (200 х 140) / 2022
Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични ликови, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...
Книгата содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние коишто сè уште во душата се чувствуваат така.