Македоника Литера

Децата во мобилниот телефон

Џоу Син

250 ден.

174 стр., 200 х 140 мм, 2022

„Децата во мобилниот телефон“ опфаќа современа тема и проблеми предизвикани од технолошкиот развој кои се случиле во најново време. Малата Шун мисли дека нејзините родители се неодговорни. Тие се препуштени на игрите на телефон и таа мисли дека тие повеќе го сакаат телефонот од сопственото дете. На својот роденден, малото девојче посакува да влезе во нејзиниот „непријател“ за нејзините родители да поминуваат повеќе време со неа. Еден ден, желбата на магичен начин се остварува – таа и нејзиниот пријател пингвин А Даи се „проголтани“ од телефонот и се заробени во него! И се впуштаат во гротескна авантура.

Романот е награден со највисоката награда за најдобар фантастичен роман за деца „Бел кит“ во Кина.