Сања Пилиќ
200 ден.
118 стр., 200 х 140 мм, 2023
Сања Пилиќ во својата проза посебно сочувствува со девојчињата и момчињата во пубертетот. Нејзините раскази и романи започнуваат без долги воведи и доминираат неформални, хумористични дијалози. Таа создава мост на разбирање меѓу возрасните и децата, почитувајќи ги и двете возрасти. Нејзиниот вокабулар е разговорен, а речениците ѝ се куси и исполнети со ведрина. Чувствата отворено се изразуваат, а чест е внатрешниот монолог. Таа сака ненадејни и импресивни моменти и има својот уникатен стил, кој е многу препознатлив за неа
„Баш сум хепи!" е збирка раскази за деца од помлада училишна возраст, за оние кои се пред прагот на тинејџерската возраст. Сања Пилиќ во „Баш сам хепи!“ носи низа искуства од животот на децата на духовит, луциден и забавен начин. Дискретно поучна, оваа книга ги истакнува сите важни работи што едно дете на таа возраст треба да ги знае: важноста на учењето, пријателството, одговорниот однос кон себе и кон другите, но и важноста на играта и забавата.
Раскажани во прво лице, тие содржат динамика, љубопитност, радосни мисли, забава, мечтаење, возбуда и многу повеќе од ковчежето на ведрината што го има авторката. Во некои раскази поцрвенуваат ушите од заљубеност, а на некои наеднаш им се појавуваат три мозолчиња на носот. Но има уште необични и интересни моменти. А сите раскази се однесуваат на растењето, зреењето и раѓањето на симпатиите.